Наши Производи

Откријте ја нашата внимателно одбрана селекција на премиум здрава храна и суперхрана

Food

Оризов напиток во прав орг. Натура лајф 200гр.

Предноста на оризовото млеко е неговиот нутритивен состав. За разлика од кравјото млеко, не содржи холестерол и заситени масти, не содржи лактоза. Токму затоа се препорачува за лица кои имаат проблем со лактозна интолеранција, за вегетаријанци кои не конзумираат производи од животинско потекло, за лица кои практикуваат нискокалорични диети. Не се препорачува како замена за кравјо млеко кај деца до 3 годишна возраст.

Multiply
189
189 ден.
Food

Феромакс тоник 500мл.

Течен додаток во исхраната со железо. Добро абсорбирачки, не го иритира желудникот. Содржи железо во форма на добро абсорбирачка органска сол- цитат како и внимателно селектирани растителни екстракти богати со железо. Овој елемент допринесува за нормално формирање на еритроцитите и хемоглобинот и помага во отстранувањето на чувството на замор и истоштеност. Не содржи квасци, лактоза, глутен и алкохол. Може да се употребува за возрасни, бремени жени, атлети, рековалесценти. Феромакс тоникот е додаток во исхраната, а не надоместок или замена за урамнотежена исхрана.

Multiply
900
900 ден.
Food

Докторс лух лице крем СПФ 50, 50мл

Дневниот крем со заштитен фактор СПФ50 е наменет за лица со исклучително чувствително лице на сончевите зраци. Обезбедува целосна заштита од сонце, благодарение на извонредната комбинација на заштитни фактори и природни растителни масла. Обезбедува целодневна нега и заштита на кожата. Се нанесува наутро, односно пред да го изложите лицето на сонце, на исчистено лице, нежно триејќи со прстите додека целосно не се впие.

Multiply
540
540 ден.
Food

Докторс крема ноќен крем 50мл.

Богат ноќен крем за исхрана и нега на кожата. Содржи хранливи материи, растителни масла и витамин Е неопходни за сите типови на кожа, млада и стара. Ја хидрира кожата обезбедувајќи и ја потребната влажност, ги намалува брчките, ја подмладува и затегнува кожата правејќи ја сјајна и мазна. Се нанесува на изчистена кожа и се остава да делува преку ноќ. Наутро исчистете го лицето и нанесете соодветна дневна крема.

Multiply
350
350 ден.
Food

Докторс лух лице крем СПФ 30, 50мл

Дневен крем за лице со заштитен фактор СПФ 30, наменет за луѓе со нежна и чувствителна кожа. содржи комбинација од природни масла од маслиново, јојоба, морков и алое кои ефикасно штитат од сонце и други негативни влијанија на надворешната средина. Во исто време, ја хидрира кожата и ја одржува влажноста цел ден. Се нанесува наутро, односно пред изложување на лицето на сонце, на исчистено лице, врат и деколте.

Multiply
460
460 ден.
Food

Докторс крем за лице за мажи

Уникатна формулација на активни состојки наменета за потребите на мажите. Обезбедува целодневна заштита од негативните влијанија на надворешната средина, ветерот, сонцето и прашината. Го храни машкото лице оштетено од бричење, лечи мали рани и исеченици. Ја затегнува кожата и ја прави сјајна и мазна. Наменет е за сите типови кожа. Се користи наутро, после миење,м со нежно триење додека целосно не се апсорбира.

Multiply
290
290 ден.
Food

Сантера органска куркума во прав 50гр.

Куркума, коренеста билка од семејството на ѓумбирот. Еден од најмоќните природни лекови, со активна состојка куркумин. Куркумата на Сентера содржи 5% куркумин, за разлика од повеќето други со 3%. Има антиоксидантни, противвоспалителни и антиканцерогени својства. Се користи најчесто како зачин. Богата е со минерали и витамин Б6, се смета за еден од најсилните природни антибиотици.

Multiply
120
120 ден.
Food

Сантера органски ѓумбир во прав 50гр.

Ѓумбирот е коренесто растение кое расте во тропскиот појас. Ѓумбиролот е вид на масна смола која се добива од коренот на ѓумбирот и претставува силен антиоксиданс со против воспалително дејство- токму тоа го прави исклучително здрав. Содржи повеќе од 100 минерали и витамини, како што се витамин Б6, витамин Ц, магнезиум, натриум, калциум, железо и калиум. Мирисот на ѓумбирот е природно ароматичен, а вкусот луткав и остар. Овој чудотворен корен го стимулира апетитот, ја забрзува циркулацијата, го зајакнува имунитетот. Селојдневно се користи како зачин во многу јадења.

Multiply
140
140 ден.