Ѓумбирот е коренесто растение кое расте во тропскиот појас. Ѓумбиролот е вид на масна смола која се добива од коренот на ѓумбирот и претставува силен антиоксиданс со против воспалително дејство- токму тоа го прави исклучително здрав. Содржи повеќе од 100 минерали и витамини, како што се витамин Б6, витамин Ц, магнезиум, натриум, калциум, железо и калиум. Мирисот на ѓумбирот е природно ароматичен, а вкусот луткав и остар. Овој чудотворен корен го стимулира апетитот, ја забрзува циркулацијата, го зајакнува имунитетот. Селојдневно се користи како зачин во многу јадења.